Претседателот на Русија, Владимир Путин беше на посета на Кемерово каде што во пожар загинаа 64 лица. Тој при посетата изјави дека една од причините за пожарот во трговскиот центар „Зимњаја вишња” (Зимска вишна), е криминалната негрижа

„Што се случи овде, а не беше борбена ситуација или неочекувана експлозија на метан во рудник. Луѓето, децата дошле да се одморат. Зборуваме за демографија и тогаш изгубивме толку луѓе, поради што? Поради криминална негрижа”, рече Путин, при тоа изразувајќи им сочувство на семејствата на жртвите.

Претседавачот на Истражниот комитет Александар Бастрикин на состанокот со кој претседаваше Путин изјави дека не работел противпожарниот апарат во трговскиот центар.

„Противпожарниот апарат не работеше од 19 март и никој не се погрижи за тој проблем. Еден од чуварите во трговскиот центар заборавил на време да го вклучи системот за гласовно предупредување. Не можеме да пронајдеме разумни објаснување, најверојатно воопшто не бил обучен”, посочи Бастрикин.

Пожарот во трговскиот центар во Кемерово што изби на четвртиот кат зафати околу 1.600 метри квадратни, при што загинаа 64 лица, од кои поголемиот број деца.

извор faktor.mk