Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, изјави дека зад акцијата на Европската унија стои НАТО, кој се користи со политика на казнување и се обидува да ја демонизира Русија.

„НАТО стои зад Европската унија. ЕУ е актрактивна политичка конструкција со моќната Северноатлантска алијанса зад себе, истакна Захарова.

Таа смета дека „задачата е да се демонизира Русија” и оти она на што сега сведочиме е дел од „долгорочната програма на неконтролирана русофобија”.

„Тоа е прашање не само за Русија како држава, туку прашање на Русите и рускиот народ”, изјави портпаролката на руското МНР.

Захарова додава дека САД и Обединетото Кралство стојат зад провокацијата во Салсбери и оти доказ за тоа се бројот на протераните руски дипломати.

„Да не беа денешните бројки, ќе нагаѓавме за причините на овој ѓаволски настап кој го изведе Обединетото Кралство или за реалната корист од целата ситуација.Сосема природно, по Самитот на ЕУ ние сфативме што ќе се случува и се подготвивме за тоа”, изјави Захарова.

извор faktor.mk