Ацо Пејовиќ ја користи секоја прилика да ја пофали својата сопруга Биљана со која е 24 години во брак и со неа има три ќерки.

“Во животот е најважно да одбереш нормален партнер кој ќе те следи и подржува. Ако одбереш кретен, живото ќе ти биде пекол, но ако најдеш некој нормален, можеш да напредуваш. Покрај својата сопруга постигнав се. Таа е покрај мене заврши факултет, магистрираше и докторираше”, вели Ацо Пејовиќ.

Иако смета дека клуч за успех на секој човек лежи во здраво и нормално семејство, убеден е дека успехот на децата зависи од воспитување но и од љубов меѓу двата родитела.

“Најстарата ќерка заврши факултет и запишала мастер студии во Мадрид, додека средната заврши втора година на Медицински факултет со просек 10. Неможам да ви опишам колку сум горд на нив”, и додава дека средната ќерка ја одвратил од идеата да биде пеачка.

“Таа многу убаво пее, Одеше во школо за пеење но ја одвратив од тоа. Сметам дека на пеачките им е потешко отколку на пеачите, бидејќи тие треба да раѓаат и да бидат мајки. Таа работа е тешка”, истакнува Пејовиќ.