x

Кога Ферги ќе се налути: „Ако ја изгубиме титулата тоа ќе биде поради овие двајца идиоти“

Поранешниот холандски напаѓач Робин ван Перси раскажа интересен момент од соблекувалната на Манчестер Јунајтед кога вршител на должноста менаџер бил Алекс Фергусон. Холаѓанецот се присетува на една случка од вториот дел на сезоната 2012/13 кога шкотскиот менаџер изнервиран после пораз од 1:2 од градскиот соперник Манчестер Сити направил нешто лудо.

Бевме први и имавме 15 бодови повеќе од најблискиот конкурент. Во април 2013 игравме дома со Манчестер Сити и се надевавме дека со бодови од тој меч веќе ќе го отвориме патот кон титулата. Изгубивме, но и покрај тоа што имавме 12 бодови предност, Фергусон не беше задоволен. Повеќето менаџери немаше да драматизираат, но Ферги направи нешто лудо. Шефот дополнително се изнервира  кога дозна дека двајца наши играчи претходната вечер биле во ноќен клуб. Ден после натпреварот на ѕидот на соблекувалната Фергусон залепи фотографии од нив двајца и ни рече: ’Да знаете дека ако не ја освоиме титулата тоа ќе биде поради овие двајца идиоти’. Не можам да ги кажам имињата. Тоа останува во соблекувалната. Потоа ни кажа дека ако види уште некој да оди по ноќни клубови пред натпреварите ќе го исфрли од екипата. Беше немилосрден. На крајот бевме шампиони“, изјави Ван Перси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата