x

Кога судиш лошо, ќе судиш во Серија Б

sudija

Многу полемика се создаде околу арбитражата на последното дерби во Серија А, помеѓу екипите на Милан и Рома. Серија на судиски грешки, чудни одлуки во најмала рака, па поради тоа главниот делител на правдата на овој меч Пиер Џакомели, е суспендиран на два меча, односно нема да биде делегиран во следните две кола.

И тоа не е се. Откако ќе му мине суспензијата, ќе проба својата судиска форма и знаење да го поправи не во Серија А, туку во Серија Б. Така оди тоа во големите фудбалски средини. Кога грешиш ќе си бидеш деградиран, а повторно ќе треба да се докажуваш.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата