Во кинескиот град Куангжу, во југоисточна Кина, се урна хотел при што има жртви и  зароби десетици луѓе под урнатините. Но, тоа не е целата вест.

Зградата била користена како место каде биле сместени изолирани лица за кои е утврдено дека се заразени со корона вирус. Според извештаите на локалните медиуми, најмалку 70 лица се наоѓаат под урнатините. Сега се спасени 16-етмина од нив. Операцијата за спасување се одвива бавно и отежнато затоа што целата постапка мора да ја изведат лица кои се заштитени со специјални маски и заштитна облека.