Преговорите за висината на платата наликуваат на сите други преговори, освен што тие вклучуваат и многу лични нешта бидејќи сепак станува збор за вашите идни примања и вашето мислење за тоа колку вредите.

Овие реченици повеќе можат да ви наштетат отколку да ви бидат од корист:

„Прифаќам” (првата понуда)

Немојте преговорите да ги завршите пред да ги почнете.

Барам Х денари

Морате да оставите простор за преговори. Повеќето експерти се сложуваат дека би било добро да го оставите работодавецот прв да понуди износ па потоа да преговарате.

„Тоа е се што нудите?”

Дури и ако мислите дека износот е смешен никогаш немојте да го кажете ова бидејќи ќе звучи навредливо.

„Имам други, многу подобри понуди”

Дури и ако е вистина, немојте тоа да го користите како аргумент.

„Не”

Ве потсетуваме, станува збор за преговори. Дајте контрапредлог и обидете се да се договорите околу посакуваниот износ.

„Слушам дека на другите им нудите Х денари, а јас сум вреден работник”

Не користете непроверени информации во преговорите и не се споредувајте со другите. Тоа е непрофесионално!

„Најмалиот износ со кој ќе се согласам е…”

Ако го кажете тоа, а работодавецот не се согласи, преговорите се готови, а вие ќе морате да си одите од работа.

Кога преговарате за износот на платата морате да бидете директни, пристојни и кратки во преговорите, покажете дека сте професионалец, способен и вреден член на тимот.