x

„Кога на татко ми му кажав дека ќе бидам фудбалер ми удри шлаканица“

Фудбалерот на Рома Амаду Дијавара раскажуваше за својот пат од Африка до Италија и одлуката да стане врвен фудбалер. Како што вели тој, фудбалот не бил негова единствена опција, со оглед на тоа дека родителите му биле учители, па некако го насочувале кон таа професија. Меѓутоа репрезентативецот на Гвинеја размислувал да стане фудбалер.

Дијавара со 15 години пристигнал на Апенините, почнал во Сан Марино, па потоа во Болоња, па стигнал до Наполи и од таму во Рома.

Роден сум во Конакри, главниот град на Гвинеја. Се сеќавам татко ми не ми дозволуваше да играм фудбал. Каде и да одев да играм, морав потоа да се истуширам пред да отидам дома. Првпат кога му реков дека сакам да станам фудбалер, ми удри шлаканица која се уште ја памтам“, изјави Дијавара за „Кориере дело Спорт“.

Сестра ми Сира ме поддржуваше. Ми купи копачки која ги криеше за да не ги види татко ми. Моите родители се учители. Татко ми велеше дека постојано гледа деца како играат фудбал, од кои во најдобар случај само две на крајот ќе можат да се занимаваат професионално со тој спорт. Поради тоа морав да учам затоа што речиси е невозможно да се најдам меѓу тие среќници. Одев на училиште, часовите кои ми се поклопуваа со тренинзите ги пропуштав. Дадов се за фудбалот. Играв на калливи и прашливи терени. Бев добар, давав голови и почнаа да доаѓаат во мојата куќа и да се распрашуваат за мене. Татко ми на крајот попушти. Всушност, сега е среќен поради мене“, изјави фудбалерот на Рома.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата