Популарната пејачка со години ги пополнува насловните страници, благодарение на фактот што нејзините песни ги слушаат милиони. Во последно време, сепак, британската поп дива Адел е во центарот на вниманието поради нејзината телесна трансформација.

Имено, таа изгуби повеќе од 20 килограми за краток временски период, а интересно е што поради тоа се најде на удар на јавноста и обожавателите, кои сметаат дека сега стана иста како и сите други познати личности кои позираат на Instagram.

Покрај бројните дискусии на Интернет, нејзината трансформација го привлече вниманието на неочекувана група луѓе – хакери и компјутерски криминалци. Тие ја користат нејзината моментална популарност и луѓето што бараат информации за Адел, да се обидат да „вметнат“ разни вируси на уредотите.

Безбедносната компанија McAfee предупредува дека таа е најопасната славна личност за пребарување во 2020 година, бидејќи потрагата по нејзиното име ги содржи најштетните врски.

Така, пребарувањето по поимот „Адел“ може да ги доведе корисниците до голем број лажни веб-страници каде што се загрозени нивните уреди, лични податоци и сл.

Покрај Адел, на списокот на најпознати естрадни личности во потрагата се и Ана Кендрик, Дрејк, Кара Делевињ, Чарли Д’Амелио, Алиша Кис, Аврил Лавињ, Бени, Камила Кабело и Бијонсе.