x

Кога клупскиот доктор му се дерел на Гвардиола и фрлал со чинии по него!

Ханс-Вилхелм Милер-Волфарт, клупскиот доктор на Баерн Минхен е вистинска легенда на баварскиот клуб, старо – новиот шампион на Германија. Тој по 40 години служба во Баерн, овој месец ќе оди во заслужена пензија.

Има неколку интересни приказни, но се чини “најлуда“ е онаа од 2015 година кога имал “дуел“ со Пеп Гвардиола, кој за малку ќе се претворел во класична тепачка со тогашниот тренер на Баерн.

Кога ќе се навратам на сите 40 години минати во клубот, има навистина многу што да се кажува. Успеси, трофеи, славења, тагувања. Сето тоа го имаше во тој период“ изјави Милер-Волфарт, а потоа кажа нешто што малку ја запрепасти јавноста.

Тоа беше пред мечот со Порто во ЛШ кога загубивме со 3:1. Јас бев обвинет дека сум виновен зошто половина од тимот беше повреден, и затоа збеснав. Почнав да урлам, да му се дерам на Пеп, удрив со дланката на маса, играчите доручкуваа, се расфрлаа чиниите, веројатно фрлив и некоја. Тогаш одлучив дека ќе си одам со мојот докторски тим, но ете останав се до денеска, и не жалам“.

Ете тоа е приказната на германскиот доктор кој имал мад**а да му се дере на Пеп и да му каже кој е “главен“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата