СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.А.(36) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“. Пријавениот, во својство на управител на правно лице, во период на постоење Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, за себе и еден вработен издал дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа и покрај тоа што правното лице немало регистрирано ноќна работа и работа во викенд. Притоа, на 18.04.2020, при контрола од страна на полициски службеници, тие на увид ја приложиле дозволата со невистинити податоци.