Меѓуградскиот сообраќај во Италија поради пандемијата на коронавирусот е намален на минимум, а останаа само непоходен број на празни автобуси и возови се уште сообраќаат помеѓу италијанските региони. Но невидливиот и несакан патник, КОВИД-19 на италијанскиот полуостров, се ширеше токму преку патиштата и железничките пруги.

Ова го открива штотуку објавената студија на повеќе универзитети под водство на миланска Политехника. Студијата покажува дека вирусот, за кој веќе е откриено дека се шири преку директен контакт со човекот, а за неговото ширење по целата територија секако допринесе патувањето на луѓето. Ова е прва студија што го прикажува ширењето просторно, по терен.

Користејќи ги статистиките од Институтот за статистика, имало голем број на луѓе кои патувале од дома до работа од еден регион во друг за работа, а со помош на мобилни телефони може да се конструира гео-локализација на тие лица.

Студијата покажува, во форма на концентрични кругови, како се шири вирусот во најтешко погодениот регион Ломбардија, каде најголемото движење на луѓе заради работа и најразвиената транспортна мрежа, се рашири во другите региони по некоја форма на сообраќајна комуникација.

Зачудувачки е што ширењето кон регионите на бреговите на Тиренското Море било послаб затоа што, според авторите на студијата, планинскиот венец Апенини служел како бариера.

И фактот дека имало помалку заразени во јужна Италија, меѓу другото, се толкува според оваа студија, со фактот дека мрежата на патни и железнички врски на југ е многу помалку развиена.

Еден од поважните наоди на истражувањето е дека во фазата на ослободување на рестриктивните мерки, мора да се посвети големо внимание на движењето на луѓето