x

Ковид-19 ги нападна Беса и Фортуна, нема да се играат баражите за пополнување на Втората лига – запад!!!

Утрешниот бараж меч за пополнување на Втората лига – запад меѓу третолигашите Беса и Фортуна нема да се игра, и тоа поради фактот дека и двете екипи се нападнати од Ковид-19. Имено дури седумина се позитивни кај Беса, а петмина во тимот на Фортуна. Покрај играчите, заразени имало и кај останатите во клубовите.

Навистина незгодно ако се знае дека всушност утре требаше да се одиграат тие први официјални натпревари по тримесечната пауза поради короната. Сепак, како да не било судено, Ковид-19 и натаму беснее, и сега сите бараж средби, требаше да се одиграат три, и тоа  во Тетово, се откажани. Па така сега, според прописите на ФФМ, ждрепката ќе одлучи кој ќе оди директно во Втората лига – Запад. Трите екипи се Беса, Фортуна и Велешта.

Што се однесува пак до бараж дуелот за источната конкуренција, кој треба да се игра на 10 јули во Штип, екипите на Слога Виница и Росоман се среќаваат, во текот на утрешниот ден ќе има тестирање, па ако сите се негативни, тој може да се игра.

Да потсетиме дека стартот на новата сезона во ПМФЛ е закажан за 9 август а во вторите лиги на 22 август.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата