x

Ковид-19 во Нант на Лазаров, одложен дуелот со Целје

lazarov-e1570045604181

Нант одново се соочува со Ковид-проблеми. Тимот за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров пред дуелот со Целје ги направи задолжителните ПЦР тестови, кои покажаа дека две лица се позитивни, а нивниот индетитет засега не се открива.

Ова значи дека мечот од седмото коло во Лигата на шампионите е одложен. Ова е втор дуел кој нема да се одигра, претходно поради Ковид-протоколите во Норвешка беше одложен меќот меѓу Елверум и Пик Сегед.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата