x

Ковид-19 влезе меѓу “лавовите“, неколкумина позитивни!

Уште еден проблем во мак – фудбалот, поврзан со коронавирусот. Имено како што дознава СПОРТМЕДИА, Ковид-19 влезе во таборот на Македонија ЃП. На најновиот тест што направен, неколкумина се позитивни, имињата ни се познати, но сепак од објективни причини не ги објавуваме. Па така Македонија ЃП по Ренова и Шкендија, е третата наша екипа кај која се појавија позитивни на коронавирусот.

Се разбира дека сега треба да се направи и втор тест за да се види дали навистина дел од “лавовите“ го закачија вирусот. Останува заразените да заминат во изолација, а останатите да си продолжат со тренинзите.

Да потсетиме дека во сабота е закажан пријателски меч меѓу Македонија ЃП и Работнички.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата