КОБИ ПОСТИГНА 35 КОША, НО “ЕЗЕРЏИИТЕ” ЗАГУБИЈА
Во првиот натпревар откако Шекил О’Нил ги напушти Л.А. Лејкерси екипата не се прослави. На 8,53 минути до крајот на третата четвртина “езерџиите” имаа предност (52:38), но тогаш Сиетл Соникс направи скор од 22:5 и со свирежот на сирената на семафорот дури дојде и во водство 60:57. На крајот Сиетл славеше – 87:80. Најефикасен кај победниците беше Реј Ален со 25 поени, а кај поразените Коби Брајант со 35 кошеви. Екипата на Орландо Меџик во првиот подготвителен натпревар за почетокот во НБА лигата загуби од Мемфис Гризлис со 95:99. Во победничкиот состав дури петмина кошаркари постигнаа двоцифрен број на ко- шеви, а најефикасни беа Стромил Свифт (16 поени) и По Гасол ( 12 поени и 10 скокови). На спротивната страна блескаа Мабли (24) и Френсиси (19 кошеви, 7 скокови и асистенции). Грент Хил се врати по подолга пауза, но не одигра добро. За 16 минути игра постигна само два поена. Тимот на Филаделфија славеше против Визардси – 114:107. Мерк Џексон (21 поен, 6 скокови) и Ален Ајверсон (16) го предводеа тимот на Филаделфија, а во редовите на гостите најефикасен беше Хејс со 23 поени и по пет украдени топки и скокови. Бостон Селтикс со 30 поени предност го совлада Чикаго Булс (104:74), а најефикасни беа Пол Пирс (18) и Рики Дејвис (15). Новопечениот член на Селтикс, Гери Пејтон, додаде десет кошеви и шест асистенции.