x

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во ЛА

Според пишувањата на дел од американските медиуми, легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант, загинал во стравична хеликоптерска несреќа. Засега нема официјално потврдени информации, па дел од медиумите се повикуваат на свои извори. Останува да се почека до конечни вести.

Според добро информираниот интернет американски портал TMZ, Коби Брајант се наоѓал во неговиот приватен хеликоптер со најмалку четири други лица.

Полицијата во Лос Анџелес веќе потврди пет смртни случаи. Во хеликоптерот најверојатно не била неговата сопруга Ванеса.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата