Најсјајната и најконтроверзната ѕвезда од тимот на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, од завчера е слободен, бидејќи, девојката која го обвини за силување одби да учествува во натамошната кривична постапка. Ре- шението за прекинувањето на судењето беше донесена завчеравечер, откако обвинителите соопштија дека 20- годиш ната девојка не сака да сведочи. Брајант уште од почеокот тврдеше дека не ја силувал хостесата од еден хотел во Колорадо, односно дека имале нормален сексуален однос. Обвинението не можеше да ја продолжи кривичната постапка, бидејќи главниот актер- жртвата, самата се повлеч е, а против Брајант с&”238; уште тече граѓанска парница која може да се заврши само со финансиска оштета. Адвокатите на девојката сооп- штија дека с&”238; уште не се разговарало за израмнување во парницата, ниту е познато на која сума ќе гласи оштетното барање, ако воопшто дојде до него. – Иако навистина верувам дека нашата средба беше обострано доброволна, сега сфаќам дека таа не ја сфатила случката така. Сакам да &”241; се извинам за моето однесување таа вечер, како и за последиците, кои ги претрпе во последната година, се вели меѓу другото во писменото соопштение на 26- годишниот Брајант.