Германската канцеларка, Ангела Меркел е убедена: коалицијата добро си ја врши работата. Таа постојано го вели тоа дека е целосно задоволна со досегашната работа на коалиционата влада. Она за што е постигнат договор ќе биде и спроведено: “Искуството ми вели дека во овие нецели сто дена од владата не можам да се пожалам во никој случај. Ние сме навистина добар тим”. Трите покраински избори на 26 март, на кои конкурираат СПД и ЦДУ, нема да променат ништо во работата на големата коалиција, сеедно каков ќе биде исходот, смета Меркел. Во интервју за германската телевизија, таа говореше за низа актуелни теми. Германската канцеларка, шири уверување дека дипломатијата во конфликтот со Иран ќе донесе успех: “Важно е што сакаме, тоа е дипломатско решение, кое треба да се бара со сите сили и концентрација. Голем оптимист сум дека тоа и ќе успее. Иран ќе го разбере ваквиот говор на меѓународната заедница”. Спорот со карикатурите на Мухамед, според Меркел, е опомена дека кон другите култури и религии е потребен одговорен пристап. Знаењето во Германија околу исламските земји не е доволно. Во свет на интернет и глобализација потребен е поголема свртеност едни кон други. (Дојче веле)