ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против С.С.(34) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “затајување“ и  “послужување“.

Во периодот од 2017 до 2019 година пријавената, како вработена во правно лице во Гевгелија, во својство на  финансов книговодител,  искористувајќи ист траен однос и исти прилики, противправно присвоила парични средства кои и биле доверени во врска со нејзината работа од страна на 10 правни лица, со вкупен износ од 2.920.037 денари. Исто така, во овој период, пријавената неовластено се послужила или ги дала на послуга на друг паричните средства кои и биле доверени од страна на истите правни лица.