Поранешниот мултимилијардер и одгледувач на свињи Роберт Пиктон беше осуден во 2007 година за убиство на шест жени. Обвиненијата кои имаат врска со други 20 убиства беа отфрлени.

Книгата, наводно напишана од страна на овој канадски сериски убиец е повлечена неколку часа откако се појавила во онлајн продажба.

Како што е соопштено од страна на CTV, друг затвореник му помогнал да ја прошверцува книгата од затвор. Издавачот од Амазон веднаш побарал повлекување на книгата со извинување до семејствата на жртвите.

Властите во Британска Колумбија претходно се обиделе да го спречат Пиктон, кој тврди дека е невин, да направи профит од продажба на своите мемоари наречени “Пиктон. Неговите зборови”

“Не е во ред еден човек кој предизвикал толку многу штета и болка на толку многу луѓе да профитира од своето однесување”, изјави Мајк Морис, провинциски министер за јавна безбедност.

Официјалните претставници, исто така, побараа од Амазон да престане со продажба на мемоарите, кои беа објавени од страна на издавачката куќа од Колорадо “Outskirts Press”.

Корисниците на Амазон побараа отстранување на книгата на која и дадоа најниска можна оценка.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Гудл посочи дека е покрената истрагата за тоа како ракописот на Пиктон излегол од затвор со максимална безбедност.