x

Клoп: Премиерлигашите да им помогнат на клубовите од пониските лиги

klop-1-e1590004345979

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде интересна изјава, тој ја коментара состојбата во Премиер-лигата, но и во пониските лиги во моментов во Англија. Побара од поголемите да им помогнат на помалите.

„Клубовите од Премиер лигата мора да бидат свесни дека на клубовите од пониските лиги им е потребна помош. Тие немаат така добра финансиска ситуација во моментов, и мора да се помогне на секој начин. Тие се соочуваат со истите проблеми како и ние, но ние сме во далеку поповолна ситуација. Затоа ФА мора да биде сконцентрирана и да помогне на сите кои се под нејзина капа што се вели. Мора така да  биде. Ситуацијата е тешка и во Англија но и во Германија на пример, каде што е Бундеслигата, но и втората по ранг Бундес лига. Таму се истите проблеми кои се создадоа поради пандемијата, а сите помагаат едни на други“, изјави Клоп.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата