x

Клубот на Мазнов, Јанчевски Абдурахими и Демири прогласи банкрот

Белгискиот лигаш Локерен денеска официјално прогласи банкрот. Долгот од осум милиони евра беше премногу за менаџирање во момнтов, па управата на Локерен немаше друг избор односно да прогласи банкрот.

Ова е клубот за кој своевремено настапуваа неколку наши интернационалци како на пример, Горан Мазнов, Бобан Јанчевски, Ертан Демири и Бесарт Абдурахими.

Клубот идната сезона ќе прослави педесет години од своето постоење. Освои два кпу трофеи на Белгија во 2012 однодно 2014 година, а најголем успех во домашниот шампионат е второто место во сезоната 1980/81.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата