x

КЛОЦА ЗА „АВИОНЧЕТО“: Фиорентина го отпушти Монтела

Фиорентина го отпушти Винченцо Монтела, По синоќешниот пораз од 4-1 на домашен пораз од Рома, управата на клубот утрово реши да му го врачи отказот на некогашниот италијански репрезентативец. Засега не се знае кој ќе биде негов наследник, а од клубот најавија дека ќе почекаат пред да одлучат.

Одлуката беше неизбежна, бидејќи Монтела загуби 13 од вкупно 24-те натпревари во Серија А откако с еврати на кормилото на клубот.

Тој собра само 19 бода од вкупно можни 72, вклучително и еден бод во последните шест кола.

„Фиорентина објавува дека Винченцо Монтела е ослободен од должностите како главен тренер на првиот тим“, се вели во соопштението испратено денеска о дклубот.

„Одлуката беше донесена по долга и детална анализа на перформансите и резултатите на тимот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата