x

Клоп, Тухел, Терзиќ – иста страст за победа

klop-tuhel-terzic

Един Терзиќ, новиот тренер на Борусија Дортмунд вчера бурно ја прослави победата на тимот во Бремен. Во својот прв настап како главен тренер, Германецот кој има хрватски пасош, успеа да слави, а со тоа и да покаже колку му значи овој триумф.

Така тој прослави во стилот на неговите претходници Томас Тухел и Јирген Клоп. Страста е иста, и ја има и Терзиќ.

И Клоп и Тухел дојдоа на „мала врата“ во Дортмунд, а заминаа како легенди. Сега едниот е во Ливерпул, другиот во ПСЖ, па можеби ова е шансата на Терзиќ да оди по нивниот пат. Барем според радоста се добива таков впечаток.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата