x

Клоп се враќа во Германија и го превзема Баерн?

И претходно на големи се шпекулираше дека Јирген Клоп ќе се врати во Германија. Тој со Ливерпул е на чекор до шампионската титулата во Премиер-лигата, но што ќе биде понатаму никој не знае точно.

Некогашниот анлигски репрезентативец, Стив Мекманаман излезе со интересна изјава и дополнително ги подгреа шпекулациите.

„Можам да го замислам како се враќа во Германија и го превзема Баерн. Начинот на кој го води тимот и начинот на кој го гледат германските тренери ми говори дека неговото заминување е реално. Баерн има одлични играчи, искусни и млади таленти“, изјави Мекманаман.

Тој вели дека Клоп не е заинтересиран за тимови како Реал или Барселона. Тој во Ливерпул дојде во 2015 година, во Германија ги водеше екипите на Мајнц и Борусија Дортмунд.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата