x

Клоп подготвил список со шест имиња кои веќе не му се потребни

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да раздели дури со шестмина од сегашниот состав на „црвените“ веднаш по завршувањето на сезоната. Според весникот „Мирор“, четири од имињата на овој список не се изненадување, но две неочекувано се најдоа на списокот на „прекубројни“.

Станува збор за Наби Кеита и Дивок Ориги. Првиот беше доведен од РБ Лајпциг за 52,75 милиони фунти, со голема надеж за засилување во средниот ред. Засега, тој не ги оправдува парите што беа вложени во него и тешко е да се поверува дека ќе остане да се бори за улогата на стартер следната сезона.

Ориги кој потпиша нов договор со клубот, откако постигна многу важни голови во последната сезона во Лигата на шампионите се чинеше дека конечно ќе успее да се пробие со поголема минутажа, но и тоа не излезе според прогнозите. Влијанието на Белгиецот е мало и тој дефинитивно ќе биде ставен на продажба.

Другите играчи за кои долго време се шпекулираа дека најверојатно ќе си заминат во текот на летото се Лорис Кариус, Натаниел Клајн, Дејан Ловрен и Џердан Шаќири.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата