x

Клоп откри кој играч најмногу би сакал да дојде на “Енфилд“: Па, барем тоа е лесно…

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, деновиве даде интервју за “БТ Спорт“. Во него говореше на повеќе теми, а на прашањето кој е тој играч што Германецот најмногу би сакал да го доведе на “Енфилд“, тој одговори…

“Па, тоа е барем лесно. Да можам секако дека би го ангажирал Стивен Џерард, но тој мора со својата работа да се избори за првотимскиот статус во “мојот Ливерпул“.

Инаку Клоп немаше можност да соработува со легендарниот фудбалер на „редси“. Имено Џерард замина од “Енфилд“ само неколку месеци пред да дојде Клоп. 

Како што познато Џерард сега е тренер на Глазгов Ренџерс.

“Интересно, веќе 4,5 години сум во Ливерпул и досега се немав сретнато со Џерард.  Но откако беше воведена вонредната состојба го видов во неколку наврати. Кога го шетам кучето, но и кога трчам, ќе го видам Стивен заедно со своето семејство“ посочи Германецот

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата