Јирген Клоп нема повеќе да тактизира. Во јануари и дефинитивно тргнува по потписот на 22-годишниот Французин од германски РБ Лајпциг, Упамекано. Според влијателните британски весници, сумата на трансферот се проценува на околу 40 милиони фунти.
Доколку Германците не попуштат и не сакаат да го продадат во јануари, Клоп има и резервни варијанти. Првата е 23-годишниот Бен Вајт од Брајтон како и 20-годишниот Турчин, Озан Кабак од Шалке. Исто така опција за Клоп за последната линија во одбраната е и 23-годишниот Бразилец Бремер од Торино.