x

Клоп објасни како да се победи Сити: Мора да бидеме совршени, храбри!

klop-razocaruvanje

Доцна попладнево, од 17:30 часот, се игра големото дерби во Премиерлигата меѓу Манчестер Сити и Ливерпул. Шампионот не тргна така силовито како во минатата сезона, но сепак е на врвот на табелата. Манчестер пак од шест меча има само три победи.

Јирген Клоп, стратегот на „редси“ објасни како да се победи големиот ривал, а претходно го кажа и ова, навстина интересно.

„Ако против Сити не си сконцентриран 100% тогаш ќе загубиш со голема разлика“ веројатно мислеше на последниот нивен дуел кога Ливерпул загуби со 0:4, првиот откако ја осигура титулата.

Еве искрено да ви кажам не знам како требаше да ја подготвам екипата на тој меч. Не бевме фокусирани, секако дека сакавме да победиме, радоста по освојување на пехарот си го стори своето. Тоа ми е највисок пораз во кариерата. Знам дека имам подобар скор во дуелите со Пеп, е па тогаш да играме повеќе натпревари“ се пошегува Германецот.

“Кога играме против тимови на Пеп, како против Сити сега, мораме да бидеме совршени, храбри. Мораме да го следиме нивниот ритам а потоа да наметнеме и свој. Ова звучи едноставно, секако дека не е ракетна физика, но тешко е зошто Сити те стави во под голем притисок“, заврши Клоп.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата