x

Клоп: Не се чувствуваме како шампиони, уште ништо не сме освоиле

Ливерпул по 19. коло во Премиерлигата со победата од 4:0 над Лечестер има 13 бодови предност пред конкуренцијата по Боксинг беј, што не и успеала на ниту една друга екипа по Манчестер Јунајтед.

Никој не гледа како некој би му ја одземал титулата на Ливерпул, но стратегот Јирген Клоп делува и тоа како мирно.

„Единственото што се менува за нас се бројките. Прво беа десет, па 11, сега се 13 бода. Воопшто не се чувствуваме како шампиони, не ни зборуваме за тоа, не не интересираат тие приказни. Никој уште ништо нема освоено. Дури сега не чекаат Волвс, Шефилд, Евертон и Манчестер Јунајтед. Мене тоа не ми звучи како се да е готово“, дециден е Клоп.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата