x

Клоп му се јавил на таткото на Мбапе и понудил трансфер во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп разговарал со таткото на фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, јавуваат француските медиуми.

Според повеќе извори, Мбапе не сака да го продолжи договорот со парискиот клуб, кој истекува во јуни 2021 година. Напаѓачот на ПСЖ, наводно е многу заинтересиран за трансфер во Реал Мадрид, кој не крие дека го има неговото име како примарна цел за ова лето.

Според француски „Ле10 Спорт“, Клоп се вклучил во трката за 21-годишиот репрентативец на Франција, бидејќи се шпекулира дека Мо Салах и Садио Мане се на пат да си заминат од „Енфилд“. Француските медиуми објавија дека Клоп разговарал со Вилфред Мбапе, таткото на фудбалерот и прашувал за плановите на неговиот син за следната сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата