x

Клоп испрати понуда за стопер на Бетис

aissa-mandi

Англискиот фудбалски шампион Ливерпул, по се изгледа, успеа да пронајде ново име во дефанзивната линија. Како што објави влијателното шпанско радио Кадена Копе, „црвените“ веќе имаат испратено понуда до Бетис за Аиса Манди.

Станува збор за понуда во висина од 10 милиони евра. Манди е искусен 28-годишен дефанзивец, кој има француско државјанство и кој е дел од екипата на бетис од 2016 година. Клаузулата за предвремен раскин на неговиот договор е 30 милиони евра, но јасно е дека Бетис ќе сака да го продаде ова лето и да заработи и двојно помалку од оваа сума, затоа што Манди следното лето станува слободен агент.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата