x

Клоп застана во одбрана на Манчестер Сити

klop-po-aston-vila

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на тимот на Манчестер Сити, наспротив менаџментот на Премиер лигата и извршниот директор на истата Ричард Мастерс.

Причина за ова е фактот што минатата недела Сити играше во Лигата на Шампионите, а потоа го играше првиот термин од редовното коло во Премиер-лигата, оној саботниот попладневен. Тоа не тимот не му остави премногу простор за одмор, за рекуперација, и нормално шанса да се даде максимумот.

„Во ред е доколку мечот од ЛШ бил во вторник да го играте домашниот меч во сабота. Но доколку мечот од ЛШ бил во среда тогаш навистина нема логика тој тим да го стартува колото во Премиер лигата со саботен меч на пладне. Ете тоа му се случи на Сити минатата недела. Не ми се верува. Очигледно дека менаџментот на Премиер лигата нам не ни е наклонет, не ни е пријателски настроен што се вели. Кога ќе ги запрашате за ова, МАстерс и останатите велат, така едноставно се работире поставени. Не знам, можеби сум премногу глупав па не можам да разберам“ – рече Клоп.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата