x

Клоп го собори рекордот по број на победи со Ливерпул во Премиер лигата

klop-germanija-e1608389348427

Победата на Ливерпул над Кристал Палас означи и рекорд за менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп. Германскиот стручњак ја запиша 127 победа на чело на екипата од „Енфилд“ и со тоа е на првото место по бројот на победи со Ливерпул во Премиер лигата.

Тој 127-те победи ги забележа во 196 натпревари. На второто место остана Рафаел Бенитез со 126 премиерлигашки победи (228 мечеви), трет е Жерар Улие со 112 победи, следуваат Рој Еванс и Брендан Роџерс со 87 односно 63 победи во англиската елитна лига.

Клоп дојде во Ливерпул во 2015 година, а минатата сезона стана шампион на Англија. Претходно триумфираше во ЛШ, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата