Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби информира дека мајката и четиримесечноот бебе кое веќе 14 дека се лекуваат во болницата, нема денеска да бидат пуштени дома, поради очекување на резултатот од брисот земен од мајката. Според нив, она што е најбитно е дека и детето и мајката се во одлична здравствено состојба, поради што ги демантираат информациите дека тие биле занемарени.

„Во целата оваа вонредна ситуација и напорот со кој се соочуваат вработените на Инфективна клиника во борбата со Корона висурсот, досега за време на лекувањето на сите пациенти кои лежеле на клиниката со КОВИД-19, не сме имале реакција или незадоволство од третманот во Клиниката. Жалиме што ваков тип на незадоволство го дознаваме од социјални медиуми, а не за време на лекувањето кое во конкретната ситуација трае 14 дена. Во целост ги демантираме наводите на мајката со 4 месечното бебе која тврди дека “лежат во болница и ниту еден доктор за тоа време не дошол да им ги каже резултатите од тестовите за ковид-19“, се вели во реакцијата.

Од клиниката појаснуваат дека на мајката во повеќе наврати и е објаснета здравствената состојба на детето како и потребата за земање два последователни бриса.

„Детето секој ден редовно се прегледува и најмалку 3 пати влегува дежурна лекарска служба. На мајката и се обезбедуваат сите расположливи услови, од бокал за греење на вода, козметика за бебето, снабдување со вода и други продукти кои ги добива Инфективната Клиника како донација.
Детето е интензивно контролирано по препорака од педијатар и покрај добрата клиничка слика“, велат надлежните.

Од Инфективната клиника додаваат дека денеска нема да бидат испишани од болницата, не поради детето, чии брисеви се негативни и комплетирани, туку поради очекување на резултатот на брисот од мајката.

„Она што е најбитно е дека и детето и мајката се во одлична здравствено состојба, и доколку биле занемарени во третманот ова немало да биде случај. Разбираме дека пациентите за време на долгото лекување го губат трепнието, но ние како здравстена установа мораме да се држиме до сите протоколи за болничко лекување и не смееме да испишуваме пациенти пред истите да бидат исполнети.Дополнително, Управата на Инфективна клиника, следејки ги сите стандарди за професионално работење, ќе покрене интерна постапка за разрешување на состојбата со потенцирање дека се пратат сите протоколи за болничко лекување на пациентите кои лежат на клиниката. Како клиника максимално се залагаме да се почитува куќниот ред со цел да се не се создава паника и да имаме поголема ефикасност во работењето“, се истакнува во соопштението.

извор: Makfax