Нејзиното име е Клаудија Романи и е навивачка на италијанскиот гигант Милан. И можеби е подеднакво заслужна за големата победа на “росонерите” над фаворизираната Барселона во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампиони (2:0).

Клаудија пред големата пресметка се погрижи да ги мотивира избраниците на Масимилијано Алегри за судирот на фудбалските титани. Една од најубавите 100 жени на светот во изборот на магазинот ФХМ, која е позната и како жешка навивачка на Милан, направи провокативни фотосесија на зелениот терен.

Романи, која има ревии во светот, реши да позира во дресот на Милан како поддршка на тимот.
Очигледно тоа вроди со плод и имаше голем ефект кај играчите на “росонерите”, кои не отстапија пред големата Барса и не и дозволија во целост да ја наметне својата игра.

Клаудија Романи не живее во Италија и најголем дел од времето го минува во Мајами, меѓутоа во средата навечер и таа беше на трибините на “Сан Сиро” и се радуваше на успехот на своите миленици.