x

Кластер Серија А: Цели клубови заразени со Ковид-19!

corinthians

Коронавирусот создава големи проблеми во Бразил. Минатиот викенд започна локалната Серија А, а по натпреварите од 1. коло сите фудбалери беа тестирани, но резултатите беа ужасни.

Имаше дури 151 позитивен тест! Најголемиот дел од позитивните се фудбалери на Коринтијанс. Во овој клуб од 23 пријавени фудбалери, сите се позитивни.

Тимот на Гоиас исто така е во очајна состојба, затоа што кај нив има 22 позитивни случаи. Брагантино и Атлетико Минеиро се во најдобра положба и имаат само по еден позитивен случај.

Интересно е што клубовите со најмногу заразени играчи не го одиграа ниту 1-то коло, а скоро е сигурно дека нема ниту второто, кое започнува во четврток. Позитивната работа во целата ситуација е што повеќето фудбалери не покажуваат никакви симптоми на болеста.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата