x

Класа гол на Меси за јубилејна 50-ка во 2019

Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси постигна фантастичен погодок во дуелот со Алвес, во кој Барселона со 4:1 ја затвори сезоната.

Аргентинецот во соло-акција ја тресеше мрежата на противникот во второто полувреме.

Овој гол исто така беше негов 50-ти годинава, а Меси испиша неверојатен рекорд, односно во изминативе девет години на клупски и репрезентативен план заедно има постигнато 50 или повеќе погодоци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата