x

Класата е вечна: Лазаров во „Дрим тимот“ за 13. коло во Франција

Кирил Лазаров и оваа сезона е во одлична форма. Капитенот на македонската репрезентација е лидер во редовите на својот тим, токму благодарение на неговото искуство и секако маестрални погодоци, Нант ги доби оние драматични натпревари во францускиот шампионат.

Порталот „Ajphandball“ во соработа со „L’equipe“ спроведе анкета. Играчите кои настапуваат во тамошното првенство го составија „Дрим тимот“ за 13. коло во последниот меч од 2019 година, а во него секако се најде и Лазаров.

Неговата одлична форма посебно го радува селекторот, Данило Брестовац, иако очекуваме и младите сили да повлечат, сепак Лазаров на теренот кога игра Македонија и натаму е незаменлив.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата