Тој на 3 мај околу 23 часот при расправија со неговата невенчана сопруга и нанел повеќе удари по главата и целото тело. Повредената се здобила со модринки и отоци по целото тело.

– Жестоката караница се случила во нивниот дом на улицата „Прилепска” во Кичево. Во еден момент од расправијата, сега пријавениот С.П. физички ја нападнал невенчаната сопруга нанесувајќи и повеќе удари по главата и целото тело. Притоа, оштетената се здобила со видливи повреди во вид на модринки и отоци по целото тело, информира портпаролот на СВ-Охрид, Стефан Димоски.