Кифлички меки како душа
Во еден пласичен сад ставете го брашното, солта и путерот. Во друг сад загрејте го млекото да биде млако и во него издробете го квасецот и ставете едно лажиче шеќер. Откако квасецот ќе се стопи ставете го во брашното и сето тоа замесете го со топла вода во која претходно сте ставиле едно лажиче шеќер. Тестото мора убаво да се одвојува од садот.
Тестото покријте го и оставете го да отстои 45 минути. Откако ќе поминат 45 минути премесете го и оставете го да отстои уште 15 минути.
Откако сте го премесиле тестото и одстојало доволно, работната површина набрашнете ја и истресете го тестото на неа. Од тестото направете топчиња и оставете ги да одстојат уште 10 минути.
Секое топче исукајте го и правете ги кифлите од горе надолу, засечете го горниот крај неколку пати и потоа со двете раце ќе го виткате тестото додека не дојдете до крајот.
Плехот за печење покриете го со хартија за печење, наредете ги кифлите и оставете ги да стојат се додека не станат дупло поголеми. Кифлите премачкајте ги со јајце и посолете сусам и ким.
Печете во загреана рерна на 250 степени 12 минути.
Рерната мора да биде многу загреана пред да ги ставите кифлите и сосема е доволно да ги печете 12 минути.