x

Кирјос: Не легнувајте гладни, јавете ми се

Ник Кирјос, контроверзниот австралиски тренер уште еднаш покажа дека не е така лош како што сите сакаат да го претстават.

Тој по втор пат годинава ја покажа својата хумана страна и ја понуди својата помош и сега но и кога Австралија ја погодија силните пожари.

„Доколку некој има сериозен проблем, нема работа и е во тешка ситуација, не се колебајте да ми пишете. Немојте да си легнувате дома гладни“, напиша на својот Инстаграм профил, Ник Кирјос.

„Ќе бидам најсреќен ако со некого ќе споделам храна или било што друго што мене ми е достапно„ – дополни Кирјос.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата