Презадоволен сум што кошаркар од калибарот на Кире одлучи и наредната сезона да биде дел од нашиот тим. Во минатата сезона тој беше еден од лидерите на нашата игра и се надевам дека така ќе продолжи и во иднина, изјави тренерот на Фени Индустри, Љупчо Малинков.

На 31 натпревар за Фени, Николовски бележеше по 16,5 поени по натпревар со 7,6 скокови.
Тимот од Кавадарци е близу до завршување на преговорите и со Јане Петровски, а во плановите се уште неколку домашни засилувања.