Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров кој е член на француски Нант е позитивен на вирусот Ковид-19, пишува француски „20minutes.fr“. Лазаров, според информациите, позитивниот тест го добил на тестирањето за мечот од Лигата на шампиони против словенечки Целје.

Освен Лазаров, позитивен на вирусот е и шпанскиот ракометар во редовите на Нант, Адриа Фигуерас, па поради ваквата ситуација ЕХФ соопшти дека француско-словенечкиот дуел се одложува. Засега не е одреден нареден термин кога ќе се одигра средбата.

Лазаров, според информациите, немал никакви симптоми, дома е во изолација и ќе биде под комплетен лекарски надзор.

извор: Makfax