x

Кире Лазаров во „дрим-тимот“ на ППД Загреб

Во време на коронавирус секој на различен начин ги анимира фановите. Сајтот „hballtransfers” на својот Инстаграм профил постојано објавува најдобри тимови одбрани од страна на ракометарите

Кире Лазаров беше одбран во најдобриот тим на ППД Загреб во последните 20 години. Тимот беше одбран од страна на данскиот ракометар Расмус Бојсен за сајтот „hballtransfers”.

Покрај Лазаров, тој ги одбра Лавров, Штрлек, Хорват, Вори, Лацковиќ, Балиќ и Гојун. За тренер го одбра Лино Червар.

Лазаров го носеше дресот на Загреб од 2000 до 2002 и од 2007 до 2010 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата