Шефот на изборниот штаб на СДСМ, Александар Кирацовски на денешната прес-конференција истакна дека претседателскиот кандидат Стево Пендаровски е во водство пред Гордана Силјановска-Давкова.

Имавме кристално чисти и демократски избори, како што доликува на една европска држава. Им благодарам на граѓаните кои придонесоа да имаме мирен ден, изборниот ден да мине во најдобар ред. Според првичните резултати, Стево Пендаровски е во водство. Очекуваме и остантите учесници да дадат признание за мирни избори и очекувам изборниот ден и по прогласување на резултатите да финишира во демократска атмосфера,истакна Кирацовски.