Главниот извршен директор на Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), Клаус Реглинг, изјави дека Кипар претставува ризик за целата евро-зона и треба брзо решение на кипарските проблеми за да се избегне евентуално прелевање на кризата. Реглинг за весникот Фигаро” истакна дека Кипар може да влијае врз целиот систем. Според него, кипарската економија иако мала, може да го дестабилизира финансискиот систем на евро-зоната. Тој нагласи дека кипарските банки имаат важни филијали во Грција, а пазарите го следат Кипар многу одблиску. Треба брзо да се реагира, бидејќи во спротивно постои опасност за целата евро-зона.
Германија постојано истакнува дека опасноста по системот е еден од условите за интервенција на ЕСМ и обезбедување на помош за механизмот. Најрпрво треба да се утврди дали Кипар претставува проблем за евро-зоната како целина. Тоа всушност еден од предусловите за користење на ЕСМ, објасни минатиот месец германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.