Кинеските медицински власти соопштија дека лекот што се користи во Јапонија за лекување на нови видови грип се чини дека е ефикасен кај пациенти со коронавирус, јавуваат јапонските медиуми. Анганг Ксинмин, службеник во кинеското министерство за наука и технологија, рече дека Фавипиравир што е развиен од подружница на „Фуџифилм“, создал охрабрувачки ефекти во клиничките испитувања во Вухан и Шенжен во кои учествувале 340 пациенти.

Пациентите кои биле третирани со лекот во Шенжен, станале негативни на вирусот по четири дена од позитивните тестови, во споредба со оние кои 11 дена не биле лекувани со лекот, соопшти јавниот радиодифузер НХК.

Покрај тоа, Х-зраците потврдија подобрување на состојбата на белите дробови кај околу 91 отсто од пациентите кои биле третирани со Фавипиравир, во споредба со 62 отсто од оние без лекот.

„Фуџифилм Тојама Хемикал“, кој го разви лекот – познат и како Авиган во 2014 година, одби да ги коментира тврдењата. Акциите во фирмата, сепак, пораснаа во средата за 14,7 отсто и достигнаа цена од на 5.207 јени, по коментарите на Ксианмин.

Лекарите во Јапонија користат идентичен лек во клинички студии на пациенти со коронавирус со благи до умерени симптоми, надевајќи се дека тоа ќе го спречи вирусот да се размножува кај пациенти. Но, јапонски извор од Министерството за здравство посочи дека лекот не бил толку ефикасен кај луѓе со посериозни симптоми.

Истите ограничувања беа утврдени и во студиите кои вклучуваат пациенти со коронавирус кои користат комбинација на Лопинавир и Ритонавир, антиретровирусни ХИВ, додаде изворот.

Во 2016 година, јапонската влада обезбеди Фавипиравир како итна помош во борба против вирусот ебола во Гвинеја. Но, за целосна употреба врз пациент со Ковид-19 ќе треба одобрение од Владата, бидејќи првично беше наменет за лекување на грип. Маничи добил најава од здравствен службеник дека би можело да се случи веќе во мај, но „доколку резултатите од клиничките истражувања се одложат, ќе се одложи и одобрувањето на лекот“.