Кинескиот претседател Сји Ѓинпинг ќеги посети Италија, Монако и Франција оваа недела, објави кинеското Министерство за надворешни работи во понеделникот откако Рим најави подготвеносат да се приклучи на кинеската глобална програма за трговска инфраструктура и покрај резервраноста во другите европски земји, пренесува „Локал“.

Државната на посета на Сји на овие земји ќе трае од четврток до 26-ти март.

Италијански официјален претставник минатата недела изјави дека Рим ќе потпише необврзувачки меморандум за разбирање со Пекинг за официјално да ја поддржи големата иницијатива „Белт енд роуд“, позната и како „Новиот пат на свилата“, вредна еден трилион долари.

Пекинг финансира инфраструктурни, поморски, железнички и патни проекти во Азија, Африка и во Европа, но критичарите предупредуваат дека тоа главно им оди во корист на кинеските фирми додека ги вовлекува во замка на долгови финансиски ранливте земји.

Во Италија, Сји ќе разговара со претседателот Серџо Матарела и со премиерот Џузепе Конте, како и со парламентарните лидери.

По најавата на Италија, францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела изјави дека земјите од Европската Унија треба да имаат координиран пристап во однос на Кина.

„Добро е што Кина учествува во развојот на многу земји, но верувам во духот на еднаквост, на реципроцитет. Духот на еднаквоста значи почитување на суверенитетот на нациите”, рече Макрон.

извор: Makfax